Изложба „Сто години од раѓањето на Орсон Велс“ на Zagreb Film Festival

Во рамки на тринаесеттиот Zagreb Film Festival во среда (18 ноември) ќе биде отворена изложбата „100 години Велс“, посветена на Орсон Велс и неговите посети и делувањето во хрватскиот културен круг.

Изложбата опфаќа фотографии и документација од снимањата на филмовите „Процес“, од премиерата на „Битката на Неретва“ во Сараево, средбата со Јосип Броз Тито, итн. За изложбата е издаден двојазичен каталог во кој се поместени сите интервјуа во хрватските медиуми, репродукции на домашните постери за неговите филмови и досега необјавени материјали за неговиот престој во Хрватска.

Во рамки на ретроспективата на Велс ќе бидат прикажани четири филмови – „Отело“, „Процес“, „Странецот“ и „Тајната на Никола Тесла“, како и видео-интервјуто за емисијата „3, 2, 1, …kreni!“ од 1979 година, за првпат несинхронизирано.

321 Welles trailer from Gorans way on Vimeo.

Инаку, Zagreb Film Festival официјално ќе биде затворен в сабота со доделување на наградите „Златна количка“ и премиерата на омнибусот „Загрепски приказни број 3“.