Изложба „Словенечкиот стрип од класици до иднина – ретроспектива“

Иизложбата „Словенечкиот стрип од класици до иднина – ретроспектива“ќе биде отворена вечерва во фоајето на Македонска опера и балет.

Свои дела ќе изложуваат словенечките карикатуристи Мики Мустер, Томаж Лавриќ, Зоран Смилјанич, Бернард Колле, Игор Рибич, Костја Гатник и Душан Кастелиц.

Изложбата се организира по повод на националниот ден на Република Словенија и 25-годишнината од воспоставување дипломатски односи меѓу Словенија и Македонија.