АЛДА Скопје организира изложба насловена „Прва светска војна и млади – мир и помирување“, во рамки на истоимениот проект.
Младите учесници во проектот ќе ги престават своите дела посветени на овој период од историјата на Македонија изработени под менторство на нивните професори по историја.
Целта на овие лични проекти е да ги поттикнат учениците да ги применат знаењата и вештините стекнати за време на проектот и да ја престават Првата светска војна на иновативен начин со користење на модерните технологии и ресурси.
Проектот е поддржан од Британската амбасада во Скопје.
Изложбата ќе биде отворена за посетителите од утре (15 март) во Кинотека на Македонија, со почеток од 12 часот.