Изложба и проекција на експериментален филм: Лицата во пределот на пеколот и рајот

Изложба на слики насловена„Лицата во пределот на пеколот и рајот“ на тетовскиот уметник Славчо Максимовски и промоција на филмот „Круг“ на Глигор Кондовски и Максимовски се закажани оваа среда (12 ноември), во 20 часот во културниот центар „Ку Ла“во Скопје.

„Човечкиот поглед е почеток на сечие постоење. Овозможува откривање и спознавање на сè што не опкружува, а очите како најчувствителен орган на човекот се тие кои преку погледот кажуваат многу, зборуваат за животни приказни иако без глас, но нивната тишина може да биде и премногу гласна, а нивниот нем вресок е доволен сведок. А јас само сакам да ја доловам својата приказна, да го запишам и нацртам односно насликам своето време, на начин на кој јас го чувствувам и гледам сето она што допира до мојот поглед, па и подалеку од тоа, од некоја своја точка и гледиште кое е само мое, надреално, илузионистичко, експресивно, но највеќе реално. Се дрзнувам да влезам во таа бездна на хоризонтот и лавиринтот во кој не се знае каде е излезот, и дали воопшто тој постои? Сакам сето ова да го поврзам со реалниот поглед на сегашноста во овие жолти, сиви, црни, бели, розови минути, денови, години…“, стои во резимето за изложбата на делата на Максимовски.

Изложба и проекција на експериментален филм: Лицата во пределот на пеколот и рајот

Експерименталниот филм „Circle / Круг“ е дело на Славчо Максимовски и Глигор Кондовски. Улогите ги толкуваат: Тања Бучковска, Елзана Чековиќ и Марко Видачек.