Изложба „Од животот на Ромите“ во галеријата „Ко-Ра”

Вечерва во галеријата „Ко-Ра” во Домот на културата „Коцо Рацин” во Скопје ќе биде отворена изложба „Од животот на Ромите“.

Изложба „Од животот на Ромите“ во галеријата „Ко-Ра”

На оваа изложба ќе бидат претставени дела на уметници инспирирани од културата на живеењето на ромската популација низ светот, од нивните обичаи, традиција, од танцот и музиката и од филмските остварувања поврзани со Ромите. Помеѓу останатите, посетителите на изложбата ќе можат да видат дел од работата на Тони Шулајковски, Евгениј Пантев, Петра Јовановска, Мирослав-Мишо Велљковиќ, Гроздан Крстевски, Сашо Ацковски, Ленче Коцевска, Марија Светиева, Анета Ивановска Симјановска, Маја Николовска, Маја Танева.

Делата се работени во повеќе техники, како масло на платно, пастели, комбинирани техники, графика. Изложбата ќе биде отворена до 20-ти овој месец.