Изложба „Не молчи, пријави насилство“ во „Јавна соба“

Новинари за човекови права во соработка со ТЕХТ.МК, а во рамки на проектот „Не молчи, пријави насилство“, поддржан од WWDP, организира изложба од рачно напишани писма и фотографии на оваа тема.

Изложбата е закажана за 7 декември од 11 часот во „Јавна соба“, како дел од кампањата „16 дена активизам против родовото базирано насилство“.

Преку  кампањата се вклучија и јавни личности за да ги поттикнат институциите да превземат конкретни мерки за заштита на жените жртви на семејно насилство и нивна поддршка откако ќе излезат од кругот на насилството, а воедно да дадат поддршка и да ги охрабрат жените да го пријават насилството.