Изложба на Виктор Лакен кој ги фотографирал предизвиците на бегалците и мигрантите на Балканот

Црвен крст на град Скопје, како дел од активностите за одбележување на 17 март – Ден на основање на Црвениот крст на Р. Северна Македонија, на 10 март (вторник) во 12.00 часот во Музеј на град Скопје свечено ќе ја отвори изложбата на фотографии од авторот Виктор Лакен (Victor Lacken).

Тема на изложбата е „Здравствена заштита за спасување живот на луѓето кои се во движење на Балканот“ и сведочи за предизвиците со кои се соочуваат бегалците и мигрантите кои треба да пристапат до здравствена заштита на нивните долги и тешки патувања

Виктор Лакен е фотограф и видео снимател со седиште во Амстердам, Холандија. Виктор претходно работел за МФЦК во служби за брза помош во Бангладеш, Западна Африка и Јужна Африка и ја освои наградата АИДЕКС за хуманитарно фото-новинарство во 2015 година за својата работа на заболувањето предизвикано од вирусот ебола.

„Во јули и август 2019 година, Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина (МФЦК) го испрати наградуваниот фотограф Виктор Лакен низ Балканот за да ги документира предизвиците со кои се соочуваат бегалците и мигрантите кои треба да пристапат до здравствена заштита на нивните долги и тешки патувања. Тој открил дека многу мигранти имаат повреди од самото патување, било од судири со властите, несреќи со возила или други несреќи. Други имале здравствени состојби кои не можеле да се лекуваат. Мигрантите исто така се соочиле со психолошки стрес, недостаток на пристап до здравствени услуги, чиста вода за пиење и санитарни објекти и страдале од лоша исхрана. Како последица на тоа, тие станале многу ранливи на инфекции и болести. Националните друштва на Црвениот крст во Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина им помагаат на луѓето во движење, пружајќи медицинска нега во центрите за транзит, привремените кампови, па дури, па дури и покрај патот. Тие исто така се залагаат за мигрантите и бегалците да имаат подобар пристап до националните здравствени системи. Без нив, многу повеќе луѓе би претрпеле сериозни повреди, па дури и смрт“, дополнуваат од Црвениот крст на С. Македонија.

Поставената изложба ќе биде отворена за сите посетители од 10 до 16 март.