Изложба на уметнички дела од употребена тетрапак амбалажа

Во холот на Младинскиот културен центар во Скопје денеска ќе биде поставена изложба на уметнички дела изработени од употребена тетрапак амбалажа.

Изложбата е дел од наградниот конкурс „Еко пакет Македонија“, а ја организира ОХО – Асоцијацијата за едукација, комуникација и консалтинг.

Проектот Еко пакет прв пат се организира во Македонија, а ќе учествуваат 23 основни училишта со 68 уметнички дела изработени од селектирана тетрапак амбалажа.

Проектот Еко пакет е наменет за развивање на свеста и значењето на одговорното однесување кај децата, учениците, воспитувачите, наставниците и родителите, преку собирање, селектирање, одвојување и отстранување на картонот од употребената тетрапак амбалажа од млекото, јогуртот и соковите.