На 1 март во струшкиот музеј „д-р Никола Незлобински“, уметницата Лида Шерафетманд ќе ја претстави својата изложба составена од уметнички дела на кои се претставени растенија од Струга и планината Јабланица.
Шерафатманд е меѓународна уметница, која во изминатите три години слика и живее во Струга.
Главната тема на нејзините слики се цвеќињата, кои таа ги користи симболично и како метафорa за да создаде концепти на општествените области во нејзините слики.
Како постдипломец по меѓународни односи, таа има одржано јавни предавања заедно со нејзините изложби на тема човечка природа и разрешување конфликти на голем број важни универзитети низ светот. Делата на Лида изминатата година се појавија како насловни корици на некои академски книги од Кембриџ Универзитетот.
Издадени се и две официјални поштенски марки со две нејзини слики кои ги насликала во Струга, една поштенска марка од Кина и една од Лијхтејнштајн.
Инспирирана од разновидноста на флората во Струга, таа ја создава збирката слики со растенија од Струга и околината, за НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“