Изложба на уметничка фотографија „Жените и фотографијата“ во Куманово

Во четврток, во 19 часот ќе биде отворена изложба на уметничка фотографија „Жените и фотографијата“ во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, во организација и координација на фото клубот „Куманово“.

„Минатогодишната клупска изложба на уметничка фотографија, оваа година прерасна меѓуклупска изложба. Клубот брои познати автори како во Македонија, така и пошироко, кои за релативно кратко време успеаја да го закитат Куманово со бројни награди и успеси“, се вели во описот на настанот.

Изложбата брои околу 40 фотографии на дваесетина авторки од Куманово, Битола, Прилеп, Кавадарци, Крива Паланка и Кичево.