Изложба на УКИМ по повод Светскиот ден на науката

Изложба на УКИМ по повод Светскиот ден на наукатаУниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“, преку преку изложба во Ректоратот ги презентираше изданијата и научно-истражувачките проекти што ги финансирал во 2012 година, а по повод Светскиот ден на науката за мир и развој.

Годинава овој ден УНЕСКО го посвети на заштитата на водите и резервите од вода, за кои генералниот дирекор на светската организација Ирина Бокова во пораката наведува дека ги надминуваат границите на државите и се заедничко добро и грижа на целото човештво.

Како што истакна Ректорот Велимир Стојковски , УКИМ со својот научен потенцијал се вклучува во проекти што го засегаат современиот свет, како истражувањата на озонската обвивка, производство на здрава храна и во заштита на водите.

Тој појасни дека годишно се прават 24  научно-истражувачки проекти финансирани од Универзитетот,  64 проекти се финансирани од разни меѓународни фондови и организации, а се прават и проекти за кои пари дава Министерството за образование и наука.

„ Во овој момент за нас е добредојдено ова вложување во ресурси, бидејќи секое квалитетно истражување претполага да се има добри и квалитетни услови и опрема од европски и светски производители, затоа што се повеќе за трудовите во списанија со импакт-фактор се води сметка на каква опрема е реализирано истражувањето и колку таа е релевантна на светскиот пазар“, рече Стојковски.