Изложба на учениците од Средното уметничко училиште во Скопје

ИзложбаДржавното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ – Скопје во четврток (26 декември) ќе организира Новогодишна изложба во училишната галерија , каде што ќе бидат изложени дела од ученици од сите четири години.

Според најавата, оваа изложба ќе претставува пресек на тоа што досега е практично сработеното од почетокот на учебната година по уметничките предмети. Исто така претставени ќе бидат и првите изработки од новиот оддел „Мултимедиски дизајн“.

Новогодишната изложба исто така е предвесник на големиот јубилеј на единственото уметничко училиште во земјава кое идната година прославува 70 годни од своето постоење.

Изложбата ќе биде отворена во 19 часот.