Изложба на ученици од „Орце Николов“ во галерија „Колектив“

Во галеријата „Колектив“ утре (5 јуни) ќе биде отворена првата изложба на ученици од ЈУБ (јазично уметничко Б) од Средното училиште на Град Скопје „Орце Николов“.

Почетокот на настанот е од 20 часот.

„Инспирирајте (се). Ценете и сакајте ја уметноста. Сонувајте, Ве молиме и љубиме“, стои во најавата за утрешната изложба.