Изложба на турска современа фотографија

Од први до осми декември во Чифте Амам ќе се одржи изложба со наслов „Турска современа фотографија 10 автори – 10 мотиви“ чиј куратор е познатиот турски фотограф–археолог доц. д-р Туна Акчај.

Изложбата е во организација на Турски културен центар Јунус Емре-Скопје во соработка со Фото Сојуз на Македонија.

Во рамките на изложбата 10 турски автори со по 6 фотографии ќе бидат претставени пред љубителите на добрата фотографијата.