Изложба на трудови на студенти од Архитектонскиот факултет

Студентите на Архитектонскиот факултет во Скопје, од зимскиот семестар во академската 2015-2016 година ќе одржат изложба на своите трудови.

Отворањето на изложбата е закажано за 27 јануари (среда), со почеток од 11 часот, а ќе биде отворена за јавноста до 1 февруари.

Во изложбата се вклучени студентите по сите студиа и нивните трудови ќе бидат изложени во Големата сала на факултетот.