Изложба на студентска графика „Драгутин Аврамовски – Гуте“

Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, студиската програма по графика и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, по 31 -ти пат ја организираат изложбата на студентска графика.

Изложбата ќе се отвори во четврток, 26 април, во 19:30 часот, во галеријата на Факултетот за ликовни уметности која се наоѓа во зградата на Факултетот за ликовни уметности и Педагошкиот факултет.

Изложбата ќе биде отворена до 5 мај 2017.

Ќе бидат изложени графики на 50 студенти од Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Исто така ќе бидат изложени плакати дизајнирани за овогодинешната изложба од страна на студентите од 4 година кои ја посетуваат наставата на модулот Графички дизајн.

На отворањето на изложбата ќе бидат доделени еднократна парична награда од Фондацијата Драгутин Аврамовски-Гуте и еднократна парична награда од Сетком трејд за најдобро изведено графичко дело во учебната 2017/18 година. Наградениот студент/ка ќе добие и едногодишна стипендија спонзорирана од Сетком трејд.

Целосната организација на оваа изложба е реализирана од Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Фондацијата „Драгутин Аврамовски – Гуте“ ја доделува истоимената награда од 1988 година, кога за прв пат постхумно е доделена.

Од 1990 година, паричната награда и годишната стипендија за најуспешна студентска графика изработена во тековната студиска година е спонзорирана од фирмата Сетком трејд.

Досегашни добитници на наградата се: Виолета Чаповска, Валентина Стефановска, Дејан Стојановиќ, Александар Прилепчански, Гордана Даутовска, Оливер Мусовиќ, Весна Величковска, Давид Георгиевски, Милан Андов, Александар Тасески, Александар Димовски, Јован Јовановски, Марија Најденовска, Даниела Јордановска, Гоце Трајковски, Елена Стојанова, Никола Арсовски, Македонка Величковска, Андријана Начевска, Маја Ковачевска, Горан Трпков, Милан Костадиновски, Никола Бојаџиев, Ана Јовановска, Мила Трендафиловска, Марко Илиевски, Ема Наумоска и Ѓорги Динев.