Изложба на Стефан Јакимовски и концерт на „Дактили“ утре во Босилово

Во склоп на „Културно Лето – Босилово“, утре (недела, 10 септември) од 20 часот ќе се одржат два настани од уметнички карактер. Во Парк на паднатите борци (до Дом на култура) во Босилово ќе биде отворена изложбата на графики од циклусот „Дневник“ на Стефан Јакимовски, а потоа ќе започне концерт на бендот „Дактили“.

Стефан Јакимовски е роден во Скопје, средно училиште завршува во Крива Паланка , а потоа димпломира и моментално е на постдипломски студии на Факултетот за ликовна уметност при УКИМ во класата на професорката Славица Јамешлиевa- отсек графика.

„Членува во Друштвото на ликовни уметници на Македонија-ДЛУМ. Добитник е на бројни награди и признанија, а досега учевствувал во над триесет изложби во земјата и во странство“, стои во најавата.

Дактили е македонски авторски бенд основан во 2018та година во Струмица. Позади себе бендот има неколку изданија: ЕП-то „Ventana de Pasillo“ (2019), албумот „Рандом Дестинација“ (2020), сингловите „Убав Ден“ и „Болни Светогледи“.

„Иако бендот досега има променето неколку постави, ‘Дактили’ го задржуваат она главното кое ги води – креативниот и храбар пристап во создавањето на оригинална музика“, се вели во најавата за настанот.