Изложба на современа словенечка фотографија во Чифте Амам

Изложбата „Современа словенечка фотографија” во организација на Фото сојуз на Македонија ќе биде отворена во четврток (12 ноември) со почеток во 20 часот во Чифте амам. На отвoрањето на изложбата ке се обратат фотографите Боро Рудиќ и Александар Кондев.

Изложбата е во рамки на манифестацијата “Денови на Македонската фотографија” и на неа ќе се претстават 38 словенечки фотографи, со 60 фотографии.

Од Фото сојузот на Македонија се извинуваат на сите посетители кои дојдоа на предвиденото отворање на изложбата, на 9 ноември, но поради проблеми со електричната енергија, беше одложена.