Изложба на слики од Татјана Манева во МКЦ

Во галеријата на Младинскиот културен центар вечер ќе биде отворена изложба на слики од Татјана Манева. Таа ќе се престави со циклусот слики именуван како „Остров“ настанат во последниве две години.

Родена е 1978 година во Битола. Член е на ДЛУМ (Друштво на ликовни уметници на Македонија) и на ДЛУБ (Друштво на ликовни уметници на Битола). Во 2002 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсек графика, а во 2004 година магистрира на истиот факултет.

Со самостојни изложби се претставила во Париз (Франција), Подгорица, Будва, Тиват (Црна Гора), Берлин (Германија), Амстердам (Холандија), Македонски центар, Њујорк (САД), како и низ неколку градови во Македонија.