Изложба на слики, цртежи и графики од колекцијата на „Остен музејот на цртеж“

Уметничката галерија Остен во Скопје за сабота (11 јули) најави отворање на изложба на која ќе бидат претставени дела од музејот на цртеж, а ќе трае до 31 јули.

На неа ќе бидат изложени дела на уметниците Родољуб Анастасов, Виктор Вазарели, Илја и Емилија Кабаков, Кристо (Христо Јавачев), Мице Јанкуловски, Пабло Пикасо и Пјер Сулаж.

Галеријата е отворена од 10 до 14 часот.