Изложба на скулптури од отпад во Кинотека на Македонија

Во Кинотека на Македонија ќе се одржи традиционалната изложба на скулптури од отпад изработени од учениците од скопските основни училишта, а под мотото „Творам, креирам, рециклирам“.

Изложба на скулптури од отпад во Кинотека на Македонија

Отворањето е денеска (19 март) во 13 часот, а целта е да се подигне свеста на децата за рециклирањето на отпадот и негова повторна употреба. Рециклирањето вклучува собирање, сепарација, преработка и производство на нови производи од веќе искористени предмети и материјали.

Организатор на настанот е „Еуро Екопак ДОО Скопје“,  во соработка со Детскиот ликовен центар -Скопје основан од Здружението на ликовни педагози – наставници, професори по предметот ликовна уметност каде членуваат деца од основните и средните училишта на возраст од 4 до 18 години.