Изложба на Скопје постер фестивал во Истанбул

UntitledЗдружението на графички дизајнери и Скопје постер фестивалот денеска (5 ноември) во Истанбул ќе ја претстават изложбата Плакарт.

Поставката ја сочинуваат педесетина постери на финалисти од минатогодишниот конкурс на Скопје постер фестивал на тема „Citizen2020“ чие финале се одржа во ноември во Младинскиот културен центар. Тогаш селекцијата на повеќе од 1920 постери од 38 земји ја направи Мирко Илиќ, дизајн-иконата на екс југословенските простори.

„Оваа е веќе петта изложба на постери на Плакарт во оваа земја и е одраз на долгогодишната соработка со еден од најголемите универзитети во Турција, Мармара Универзитетот, односно Факултетот за ликовни уметности, “ појаснува Лазе Трипков, основач на Плакарт и Скопје Постер Фестивал.

 

По поконкурсните изложби на Плакарт и Скопје Постер во Њујорк и во Истанбул, оваа година организаторите најавуваат изложба во Варшава која ќе биде отворена во втората половина на декември.