Изложба на Симона Манчева во МКЦ

Во Галеријата на МКЦ, во петок (7 октомври) во 20 часот ќе се отвори изложба на Симона Манчева.

Моите уметнички интереси се базираат на согледување на фиктивната реалност и уште пофиктивниот морал во општествата.  Преку своите истражувања се обидувам да ги прикажам и разнишам нашите стегнати предрасуди и стереотипи, кои ги зајакнуваат границите на нашата слобода, истовремено и да се развие свесноста на луѓето за остварување на своите права и задоволување на своите потреби. Родовата дискриминација, наследените стереотипи, родовиот, сексуалниот идентитет, социјално маргинализираните групи, различноста и варијациите на човекот и неговото тело се цел на моите истражувања каде што разбирањето на сите контрадикции и стереотипи како уметник и улогата на уметноста да се интервенираат и да се преиспитаат овие општествени конструкти“, вели Манчева.

Симона Манчева е родена 1989 во Кавадарци. 2011 дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, 2013 завршува магистерски студии оддел сликарство.