Изложба на производи од отпад

„Креативна реупотреба на отпад?! Што е тоа? Дојдете си на изложба за да видите како тоа изгледа!“

Со помош на младинската размена ”Creative 3R’s”, еднонеделното дружење на млади од Естонија, Романија, Словачка, Унгарија, Шпанија и Македонија резултираше со несекојдневна изложба. Денеска (26 ноември) во 20 часот, во Цреша бар, ќе се отвори изложба на која ќе бидат прикажани дела направени од реупотребени материјали.

„Се едуциравме за отпад, рециклирање, редуцирање. Го собиравме, го реупотребивме и еве на крај сакаме да Ви испратиме една ЕКО порака во форма на уметност.Ве чекаме на пијачка, ЕКО муабет и ЕКО уметност!“, стои во поканата за несекојдневната изложба.