Изложба на принтови „Конци и ткаење“ од Лира Зајми

Во Културно Информативниот Центар – Скопје ќе се одржи изложба насловена „Конци и Ткаење“, од Лира Зајми, ликовна уметница од Приштина. Изложбата ќе се отвори во изложбениот салон – Империјал 2, во 20 часот.

Зајми дипломирала на Универзитетот во Приштина, Факултет за ликовни уметности, оддел графички дизајн. Последипломски студии, графичкa комуникација, завршила во Белград на Факултет за применети уметности, а магистрирала графички дизајн на Приштинскиот универзитет, Факултетот за уметност во областа на визуелни комуникации.

Член е на професионалните здруженија на Косово и Хрватска. Таа има добиено статус на самостоен уметник (ХЗСУ – Здружението на хрватски sлободни уметници). Досега реализирала неколку самостојни и групни изложби во Хрватска (Загреб), Косово (Приштина, Призрен, Пеќ) и Албанија (Тирана, Берат, Скадар, Фиер).

Работи како професор во областа на визуелни комуникации, корпоративен дизајн и дизајн на производи во Приштина на Факултетот за ликовни уметности. Твори во областа на графичкиот дизајн, фотографијата и дизајн на ентериер.