Изложба на повеќе автори во рамки на Остен биенале 2016

Во рамки на Остен биеналето Скопје 2016, утре во просториите на галеријата Остен се отвора изложба на автори од Австрија, БиХ, Хрватска, Црна Гора, Кипар, Италија, Романија, Португалија и Словенија.

Ќе бидат изложени дела од: Асунта Абдел Азим Мохамед, Стефан Малицки Елфи Шулеска, Јана Куваља, Маја Скендеровиќ, Ивона Јурик, Дајана Радош, Кристина Рисмондо,Татиана Сотерополус, Андреас Томблин, Винченцо Балсамо, Маргерита Касара, Мариа Макаров, Памела Радино, Елена Драгулелеи Думитру, Дорина Лаура Дудулеану, Софиа Палма, Јургита Поберезните, Луис Филипе Салагадо, Романа Пехар, Петар Циуха, Чртомир Фрелих и Јерца Сантеј.

Отворањето е во 12 часот, а изложбата ќе трае до 27 октомври. Посетителите кои сакаат одблизу да се запознааат со уметниците можат тоа да го направат во просториите на галерија секој работен ден од 10 до 17 часот (сабота од 10 до 13 часот).