Изложба на нова научна литература од Русија на УКИМ

Изложба на нова научна литература од Русија на УКИМОколу 1.500 книги во рамки на изложбата „Новата научна литература од Русија“ ќе бидат изложени од денеска до 25 април во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Изложбата ја организира Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во соработка со Руската академија на науките, претставништво за Бугарија и Источна Европа, а ќе ја отвори амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Олег Шчербак.

Ќе бидат претставени книги од повеќе области: класични и општествени науки, природни науки и математика, правни науки и литература, економски и филолошки науки, информатичка литература и слично.

Како што се наведува во соопштението од Универзитетот, оваа научна литература е од голем интерес за членовите на академската заедница на УКИМ кои континуирано го следат развојот на научната мисла во светот. Посетителите ќе можат да ги разгледаат книгите во терминот од 8 до 16 часот.