Изложба на најдобрите фотографии на младите биолози

Изложба на фотографиите од вториот по ред биофото-конкурс на тема „Погледни“ ќе се одржи во кафе „Fimm“ во центарот на Скопје во петок (14 јуни). На конкурсот беа пријавени четириесет фотографии од земјата и странство, а за најдобра фотографија се гласаше преку Фејсбук и гласови од претседателството на Истражувачкото друштво на млади биолози.

На изложбата ќе бидат прогласени најдобрите три фотографии и ќе бидат доделени сертификати и награди.