Изложба на младата уметница Елена Ставреска во Кинотека на Македонија

Вечерва (10 јуни) во 20 часот, во галерискиот простор на Кинотека на Македонија ќе се одржи самостојна изложба на младата уметница Елена Ставреска, со наслов „Семеен патерн – Семејна констелација“.

Се работи за инсталација сочинета од големоформатни уметнички објекти, три дела кои формираат триптих и 64 објекти – коцки. Целта на изложбата е преку интеракција на публиката, од тие 64 коцки да се состави една голема коцка, која симболично ќе ја претставува семејната констелација на уметникот.

Елена Ставреска е млад ликовен уметник и ова е нејзина втора самостојна изложба. Дипломирала 2010 година, на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, како најдобар студент во класата на доц. Жанета Вангели. Има учествувано на неколку групни изложби во земјава и во странство, како и на повеќе ликовни колонии.

Извор: Плусинфо