Изложба на Мирослав Масин во Прилеп

Во галеријата од Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва од 19.30 часот ќе биде отворена изложба на слики од познатиот уметник Мирослав Масин, која е дел од одбележувањето на националниот празник 11 октомври.

Масин првпат го претставува своето творештво во Прилеп, а тој досега во богатата уметничка кариера остварил преку 50 самостојни изложби во земјава, како и во Србија, Црна Гора, Словенија, Италија, во Велика Британија, во Германија, Бугарија и Франција.