Изложба на Марсел Бургер во „Концепт 37“

Концепт 37 ја претставува изложбата на господинот Марсел Бургер од Амстердам, Холандија – добитник на една од наградите што се доделија на Ин Ситу саемот на уметност во Скопје.

Марсел е ликовен уметник кој со своите уникатни дела има учествувано на повеќе изложби, од кои највпечатливи се оние на Тајмс сквер во Њујорк и Мајами Бесел.

Претпознатлив е по својот колоритен, модерен и апстрактен експресионизам.

Изложбата се отвора вечер во „Концепт 37“ од 20 часот.