Изложба на макети и диорами во Дом на АРМ

Клубот “Мајор Михајло Ивановски – Микс” ја организира шестата изложба на макети и диорами, а заедно со неа се одржува и третиот Куп Скопје.

Настанот ќе се одржува од 1 до 3 март во Домот на АРМ.

Свеченото отворање е закажано за 20 часот во петок (1 март), а затворањето на изложбата е во недела во 16 часот. Во недела е закажано и одржувањето на Скопје Куп 2019.

Клубот очекува поддршка од макетарите од регионот.

Макетарите кои се заинтересирани да учествуваат може да го контактираат клубот “Мајор Михајло Ивановски – Микс”, а за сите детали околу изложбата, како правилата на учество и излагање, категориите за натпревар и слично, погледнете ја и следете ја фејбук објавата од настанот тука.

Во продолжените погледнете го видеото што Радио МОФ го направи лани за македонското макетарство.