Изложба на македонски и турски уметници во КИЦ

Во Културно-информативниот центар во Скопје вечерва ќе биде отворена меѓународна изложба „Мост“, на која ќе бидат изложени 50-тина дела на 26 ликовни уметници од Македонија и на 26 од Турција. Посетителите ќе може да ја видат до 1 март.

Изложба на македонски и турски уметници во КИЦ

– Влегувањето на овие две земји во европските уметнички текови и напорите да се следат модерните тенденции и стилови ги измениле традиционалните ликовни продукции и донеле нови контексти на естетските вредности. Сега, од една страна, модернизмот и она што тој го носи, добива превласт во однос на класичните и стандардните уметнички теркови, додека од друга страна тврдоглаво се задржуваат спецификите на балканскиот и турскиот уметнички zeitgeist, соопшти КИЦ.

Изложба на автори од двете држави со симболичен наслов „Мост“ се организира по вторпат  во Културно-информативниот центар.