Изложба на македонски графичари во КО-РА

Вечерва (26-ти мај), во Галеријата КО-РА ќе биде отворено 32-то издание на изложбата „ДЛУМ Графика“ – проект на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).

На изложбата ќе се претстават македонски графичари, членови на ДЛУМ, а целта на настанот е промовирање на графичката ликовна сцена во Македонија.

Покрај традиционалната награда за најдобро ликовно графичко остварување, ДЛУМ првпат оваа година ќе додели и награда за најдобар млад автор – графичар. Двајцата победници ќе добијат парична награда, а најдоброто ликовно графичко остварување ќе биде наградено во форма на организирање самостојна изложба од страна на ДЛУМ.

Според организаторот традиционалните техники на високиот и длабокиот печат, како и денес зголемената и честа употреба на дигиталното печатење ја прават оваа манифестација значајна за ликовната култура во Македонија.

Изложбата „ДЛУМ Графика“ ќе биде отворено до 8 јуни 2015 година.