Изложба на Костантин Качев и Синиша Кашавелски во Софија

Во Културниот центар на Софискиот универзитет утре во 18:00 часот ќе биде отворена изложба на македонските уметници Константин Качев и Синиша Кашавелски. Иницијативата е плод на заедничката соработка помеѓу македонскиот КИЦ во Софија и Културниот центар на софискиот универзитет.

izloz-2

На изложбата ќе бидат заеднички претставени два одвоени концепти, Константин Качев ќе се претстави со концептот „Емигрант“, а Синиша Кашавелски со „Богатството на Таинствениот“.

Двајцата уметници, носители на бронзени и сребрени медали од Зимскиот салон во Париз, се претставуваат во Софија само неколку дена после успешното претставување во Гранд Пале во Париз.

Изложбата ќе ја отворат директорите на Македонскиот културен центар, Васко Шутаров и на Културниот Центар на Софискиот универзитет, Александар Ќосев.

Делата на двајцата уметници ќе можат да се видат до 8 јануари 2015 година, а проектот за нивно претставување е поддржан од нашето Министерство за култура.

Извор: Плусинфо