Изложба на Јана Куновска во Прилеп

Во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Одблесок на глувите“ од Јана Куновска.

Својот ликовен опус Куновска почнала да го гради во 1992 година, кога е одржана нејзината прва изложба, а досега има повеќе од триесет ликовни претставувања.

Куновска е родена во Скопје, дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, на отсек сликарство во класата на професорот Танас Луловски. Магистерскиот труд го одбрани на истиот факултет во 2009 година, под менторство на професорот Јован Шумковски.