Изложба на извиднички уметнички дела

Во среда (19 февруари) во организација на Сојузот на извидници на Македонија ќе биде отворена изложбата на уметнички дела на тема извидништво.

Изложба на извиднички уметнички дела

Изложбата е дел од прославата по повод јубилејни 60 години од основањето на Сојузот на извидници, а ќе биде отворена во 20 часот, во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје.

Според најавите од организаторот, во рамки на овој настан ќе биде спроведена и тивка аукција на сите изложени дела. Собраните средства пак ќе бидат наменети за поддршка на функционирањето на Сојузот на Извидниците на Македонија и Извидничките одреди од земјава.

На свеченото отворање на изложбата и претходеше конкурс наменет за сите лица кои  сакаа да учествуваат на настанот со свое уметничко дело – слика, фотографија или скулптура на тема извидници.