Изложба на интернационалниот уметнички колектив БАУМ во Мала станица

„Utopia = Good Place or No Place“ е насловена изложбата на интернационалниот уметнички мултикултурен колектив БАУМ, што од 20 октомври до 5 ноември, ќе се одржува во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, во Скопје.

Проектот се стреми кон разобличување на Утопијата, во денешните неолибералистички или квази неолиберализстички општества, а се состои од мултимедијални проекти, меѓу кои видео инсталации, инсталации, site specific објекти, дигитални принтови и перформанси.

Во рамки на изложбата ќе се претставата уметниците Маурин Бахаус од Холандија, Фелипе Кастелбланко од САД/Велика Британија, Италијанецот Алесандро Фонте, Шанет По од Полска/Германија, Јетон Муја од соседно Косово и Грузиецот Нино Ломадзе, како и македонските уметници Игор Сековски и Ѓорѓе Јовановиќ.

БАУМ е меѓународна ликовна група чие име е формирано од првите слогови на презимињата на основачите Морин Бахаус од Холандија и Јетон Муја од Косово. Тоа означува и германски термин за „дрво“, што го симболизира начинот на работа на овој мултикултурен уметнички колектив.