Изложба на хонгконшкиот уметник Хао Лап Јан Бенџамин во МКЦ

Во галерија МКЦ, вечерва,17-ти јуни, во 19 часот ќе биде отворена самостојната изложба на хонгконшкиот уметник Хао Лап Јан Бенџамин, насловена „Едно поубаво место“.

На оваа изложба ќе бидат претставени дела од неговите последни серии „На пат“, „Земјена книга“, „Три свети планини“ и „Хонгконшка хартија“.

Уште од 2011-та, Хао како медиум користи почва и други природни материјали. Овие дела го откриваат неговиот интерес и обмислување на односот помеѓу луѓето, природата и урбанизацијата.

„Хонгконшка хартија“ е колекција листови хартија, рачно изработена од дива трева што расте во Хонг Конг. Текстурата, структурата и боите на е земјени бои се наоѓаат меѓу дигиталните пиксели и природните пигменти. Ова е одраз на односот помеѓу луѓето, урбанизацијата и природата.

Изложбата е во организација на Друштвото за македонско – кинеско пријателство и соработка.