Изложба на ХЕРА – Девојките одлучуваат

ХЕРА- Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување,  во понеделник (17 март) во Домот на културата „Кочо Рацин“ ќе ја отвори изложбата „Девојките одлучуваат“ (Girls Decide) со која го означуваат и почетокот на неделата на сексуално репродуктивно здравје и права на лицата со попреченост.

Изложба на ХЕРА - Девојките одлучуваат

Во рамките на оваа недела, исто така, во соработка со здружението на граѓани „Трисомија 21“-Скопје ќе бидат организирани едукативни работилници, гинеколошки и дермато- венеролошки прегледи во младинскиот центар „Сакам да знам“-Водно. Услугите во овој центар се бесплатни, доверливи, доброволни и анонимни и истите можат да се закажат на (02)3176- 950, секој работен ден од 11 до 17 часот.

Активностите во оваа недела ќе бидат заокружени со одржување на трибина за родители на тема „Светски ден на лицата со Даунов синдром: Пристап до здравствени услуги и информации за сексуално и репродуктивно здравје“, на 21 март , со почеток во 17 часот, во Домот на културата „Кочо Рацин“.

На влезот на домот на културата „Кочо рацин“ (Дом на градежници, ул. „Вељко Влаховиќ“ бр. 20а) има поставено пристапна рампа.