Изложба на графики “ОД НЕМУКАЕТ” на Антонио Јаневски

Вечерва (13 јуни) во МКЦ ќе биде отворена изложба на графики од авторот Антонио Јаневски, наречена „Од Немукает“. „Поттикнат од еден социо-психолошки феномен народски наречен “немукает”, авторот на сопствен ризик си дозволува длабоко да навлезе во истражување на една нејасна сфера на комплексен склоп на однесување на народот од ова поднебје. Во неговиот став околу фактот за присуството на несреќа во форма на хронично незадоволство во нашето секојдневие како главен обвинител го посучува токму немукаетот“ се вели во најавата на изложбата.

Истражувањата го доведуваат авторот до еден концепциски експеримент кој во голема мера е олицетворение на нашето општество. Тој експеримент го започнува со константно набљудување на околината што го опкружува, како надвор така и дома, како општествено така и лично. За подоцна, како полесно би ја доловил таа ментална состојба што ја открил како доста интересна подлога за творење, си побарал истражувања во повеќе сфери: социјални, педагошки и психолошки.

Јаневски вели: ” “Немукаетот” се претвори во мој мотив, а “мотивот” е главното прашање со кое што би се бавел овој проблем. Немукает е ментална состојба во која што психичкиот процес вклучува комплекс од одбранбени механизми за константна деградација на мотивот за самоактуелизација (или самоостварување). “