Изложба на фотографии за „Емотивната страна на културата“

Изложбата на дела од фото – натпреварот„Денови на фотографијата“ што ја организира „Еуролинк осигурување“ вечерва (1 декември) во 19 часот ќе биде отворена во фоајето на Македонската опера и балет.

На изложбата ќе бидат претставени најдобрите фотографии од изборот на тема „Емотивната страна на културата“ и ќе бидат доделени трите главни награди.

Изложбата е со продажен карактер, а собраните средства ќе се донираат во одделот за дигитална фотографија во училиштето „Лазар Личеноски“ во Скопје.

<div class=”alert”>Плусинфо</div>