Изложба на фотографии „Патот на Инките“ во Мала станица

Изложбата на фотографии „Патот на Инките“ вечер ќе биде отворена во објектот Мала станица на Националната галерија на Македонија.

Организатор на изложбата е амбасадорот на Перу за Македонија со седиште во Букурешт, Хозе Антонио Ароспиде дел Бусто. Оваа патувачка изложба се состои од 47 фотографии и е преземена од Романија.
На отворањето на изложбата, покрај перуанскиот амбасадор, ќе присуствува и почесниот конзул на Перу во Македонија, Ненад Јанакиевиќ.
Изложбата во Мала станица ќе биде поставена до 30 јуни.