Во недела со почеток во 20:00, во просториите на кафулето Концепт 37 ќе се одржи изложба на фотографии на повеќе млади автори.
Никола Стојановски, Игор Петров, Оливер Блажевски, Стефан Трпковски, Илина Георгиева, Александар Матовски, Матеј Аларов, Никола Колев, Моника Бисовска, Дејвид Бајкрофт, Марио Мицковски и Коста Аризанов се млади луѓе со попреченост кои своите интереси и чувства ги изразуваат преку фотографии.
Изложбата на која тие ќе бидат претставени е замислена како аудио-визуелен настан на кој посетителите ќе имаат можност да ги разгледаат фотографиите, разговараат со авторите и да уживаат во музика. Ќе свири бендот Stay tuned, а свој настап ќе има и младиот пијанист Дарко Арсов.