Изложба на фотографии „Невидливите жени“

„Невидливите жени“ е фото изложба на Лилика Стрезоска и Дона Џамбаска која ќе се одржи во петок (8 јули), во Јавна соба.

Изложбата е дел од завршниот настан на проектот „Родова рамноправност во локалните буџети“, а фотографиите се направени за време на теренската кампања на Здружението за унапредување на родовата еднаквост „Акција Здруженска“ во шест македонски општини: Гостивар, Тетово, Дебар, Свети Николе, Битола и Куманово.

Целиот проект е  поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско општество и спроведен од Фондација Отворено Општество Македонија.