Изложба на фотографии на Станко Неделковски во Музеј на Град Скопје

Утре (2 декември) во Музејот на град Скопје, со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложба на фотографии на Станко Неделковски со наслов „Како за прв пат/ фотографијата во манипулација“.

На изложбата ќе бидат претставени 43 фотографии во дигитален печат создадени оваа година.

Неделковски е поттикнат од идејата за поврзување на старите аналогни технологии со нивната дигитална обработка во некоја форма на калемење или вкрстување на главните чинители од овие два периода во историјата на фотографијата.