Изложба на фотографии на летонскиот автор Гунтис Швитинш во Куманово

Изложба на фотографии на летонскиот автор Гунтис Швитинш во КумановоВо Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, секој ден до 20 јануари ќе биде отворена изложбата на фотографии на летонскиот автор Гунтис Швинтиш. Влезот е слободен.

Историчарот на уметностa и графичкиот уметник Швитинш е роден во 1954 година во Јелгава (Летонија). Завршил средно училиште за применета уметност во Рига на одделот Уметност на стакло ( 1971-1973 ). Дипломирал во 1983 година на Народниот Универзитетот за култура, на Факултетот за дизајн при Полиграфскиот Централен клуб во Рига со својата дипломска работа под наслов ” Уметнички дизајн на” РАФ “Фабрика Галерија”. Во 2003 година дипломирал на Ликовната академија на Летонија – историја на уметност и теоретски оддел. Почнал да објавува од 1984 година (книгата “Ludotfs Liberts”, публикации во Летонија и меѓународен печат, организирал изложби на скулптури и декоративна уметност, креирал визуелен концепт и дизајн за девет виртуелни изложби за Државните Архиви на Латвија итн.)

Омилени медиуми на Швинтиш се пастел, туш и компјутерска графика. Креира апстрактни композиции и често употребува симболи и знаци од културата и историјата. Имал самостојни изложби од 1977 година, а учествувал и во групни изложби во Летонија, Естонија, Литванија, Ерменија, Шпанија и Колумбија. Член е на Друштвото на уметниците од Јелгава од 2009.

Омилени теми на неговите фотографии се природата, необичните моменти и сцени од секојдневниот живот. Почнал да организира изложби на фотографија од 2000 год. во Латвија и Литванија.