Изложба на филигранот од хартија на Карло Педрони во Јавна соба

„Доколку давањето шанса за промоција на млад автор се смета за доблест, давање шанса на екстермно талентиран пензионер со врвно хоби претставува огромна чест и задоволство!“

Со оие зборови Јавна соба ја најавуваат изложбата на Карло Педрони, кој се смета за македонски ветеран во областа на „куилинг“ техниката (позната како филигран од хартија) и за автор кој заслужува внимание од пошироката македонската јавност.

Изложбата ќе биде отворена на 27 и 28 февруари, а влезот во Јавна соба е бесплатен за сите посетители.

Куилинг (Quilling) е техника која поразбира изработка на предмети и слики преку мотање на ленти од хартија и формирање на фигури  кои може да се групираат во една целина или самостојно да се презентираат. Педрони е вистински виртуоз во оваа техника, талентиран, вешт и продуктивен визионер, кој се уште активно твори и ги промовира своите дела преку самостојни и групни изложби.

На изложбата, која има продажен карактер ќе бидат прикажани 45 слики изработени во оваа техника.

Карло Педрони, роден 1946 во Скопје, по професија геодетски инжињер и информатичар. Откако заминал во пензија, преку своето хоби, стекнал и нова професија.