Изложба на Дороти Пачкова во Берлин

На 30 октомври во Прима Центарот во Берлин ќе биде отворена четвртата самостојна изложба на Дороти Пачкова под наслов „Come, go with me to my Wonderland“.

„Преку изложбата ќе се отвори темата за уметноста денес, во ова време невреме и ќе ги разгледа алтернативните начини на дејствување. Најважно е да создаваме било каков вид на потенцијална енергија во облик на уметност за да се индицираат општествени промени. Бунтовната желба најнепосредно извира од уметноста која го напаѓа постојаниот режим на ред и конвенција“, вели Пачкова за својата изложба.

Во галеријата ќе бидат изложени триесетина фотопринтовин во А3 формати. Изложбата ќе биде поставена во Прима Центарот до 25 ноември.