„Емоции за еден град“ – изложба на дела за загадувањето од графички дизајнери

Дела од работилницата што се реализираше во склоп на изложбата Celebrate Life/ Емоции за еден град на дизајнерот Горан Костовски – Ind.o.g. ќе бидат поставени на 16ти февруари 2019 година во Кафе Винил во Дебар Маало со почеток во 20 часот.

Загадениот воздух е темата која што ќе ја обработува изложбата, проблем кој што беше мапиран по пат на истражување како дел од изложбата на Индог.

Илустрациите се дела на млади графички дизајнери и артисти од различни градови и го коментираат загадувањето на воздухот во Скопје со ПМ10 честички кои што во изминатите десет години е од два до четири и пол пати повисоко од граничните вредности пропишани од ЕУ за квалитет на воздухот.

Куратор на изложбата е Индог и ќе може да се погледнат дела на: Medina Hodja, NaVe, Гога Стојковска, Дарко Лековски, Дијана Недева, Димитар Чаки Чакар, Јован Јосифовски, Кристијан Стевковски, Мартин Митровски, Матејин Бојан.

Изложбата на постерите ќе биде поставена до 28 февруари 2019 година, а проектот е финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија.

Celebrate Life е создаден во 2011 годинаод Горан Костовски Индог како платформа за дизајнирање на unisex облека и разни дизајнерски предмети и едукативни работилници.